2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШвајцарскиот парламент започна истрага за колапсот на Credit Suisse

Швајцарскиот парламент започна истрага за колапсот на Credit Suisse

Комитет на швајцарскиот парламент ќе го испита колапсот на банката Credit Suisse и нејзиното преземање од мултинационалната инвестициска банка UBS, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на претставници на Горниот дом на Парламентот.

Советот на кантоните на Швајцарија го поддржа формирањето на парламентарна истражна комисија, објави државната телевизија СРФ, пренесува Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс.

Претходно беше најавено дека швајцарската UBS ќе обезбеди безусловно антимонополско одобрение од Европската унија за планираното преземање на Credit Suisse, со што банката ќе се доближи до затворање на договорот.

UBS се согласи да ја купи швајцарската банка за три милијарди швајцарски франци (3,08 милијарди евра).

Купувачот треба да преземе до пет милијарди франци (5,13 милијарди евра) од загубите на Credit Suisse, во спојувањето дизајнирано од швајцарските власти за да се избегнат поголеми превирања што ќе го потресат светскиот банкарски пазар.

И UBS и Credit Suisse, која е двојно помала според средствата, се во групата од 30 глобално системски важни банки, а колапсот на швајцарската банка би се одразил на целиот финансиски систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП