12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГранит АД Скопје потпомогнат од портфолиото на акции оствари добивка од 76...

Гранит АД Скопје потпомогнат од портфолиото на акции оствари добивка од 76 милиони денари

Остварените консолидирани вкупни приходи на Гранит за периодот Јануари – Март 2023 година изнесуваат 1.008.209 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2022 година бележат зголемување за 22%.

Приходите од продажба за периодот Јануари – Март 2023 година изнесуваат 970.290 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2022 година бележат зголемување за 32%.

Финансиските приходи за периодот Јануари – Март 2023 година изнесуваат 2.112 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2022 година бележат зголемување за 37%.

Остварените консолидирани вкупни расходи во периодот Јануари – Март 2023 година се во износ од 1.007.755 илјади денари, споредено со истиот период 2022 година бележат зголемување за 22% .

Во периодот Јануари – Март 2023 година, Друштвото оствари консолидирана добивка во износ од 454 илјади денари, додека вкупната сеопфатна добивка изнесува 76.044 илјади денари, и е поголема од добивката пред се поради останатата сеопфатна добивка во износ од 75.590 илјади денари која произлегува како резултат на евидентирана нереализирана добивка од зголемување на пазарната вредност на портфолиото акции кои ги поседува Друштвото во 1 квартал на 2023 година.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП