22 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПронајден лек кој ја забавува Алцхајмеровата болест: Откритие кое може да промени...

Пронајден лек кој ја забавува Алцхајмеровата болест: Откритие кое може да промени сè

Експерименталниот лек “донанемаб” за Алцхајмеровата болест, кој го разви компанијата „Eli Lily and Co“, го забавува когнитивниот пад предизвикан од оваа болест за 35 отсто, се вели во истражувањето на компанијата.

Лекот донанемаб ги исполни сите цели на испитувањето, соопшти компанијата, додавајќи дека прогресијата на Алцхајмеровата болест е забавена за 35 до 36 отсто, пренесува Ројтерс.

Во групата која го примила овој лек, оток на мозокот, несакан ефект на лековите од овој тип, се јавил кај 24 отсто од учесниците во истражувањето, додека 6,1 отсто од нив имале такви симптоми. Крварење во мозокот се случило кај 31,4 проценти од луѓето кои примале донанемаб и кај 13,6 проценти од луѓето во плацебо групата. Сериозно отекување на мозокот е пријавено кај 1,6 отсто од луѓето, вклучително и две смртни случаи кои се припишуваат на состојбата.

Во истражувањето се додава дека кај 47 отсто од пациентите не е забележана прогресија на болеста во период од 12 месеци. Д-р Ерик Рајман, извршен директор на Институтот за истражување на Алцхајмеровата болест, кој ја води студијата за ефектите на донанемаб, рече дека е јасно дека придобивките од лекот се гледаат, но постои одреден ризик што треба да се разгледа.

Во САД, повеќе од шест милиони граѓани живеат со Алцхајмерова болест, а се проценува дека бројот ќе порасне на речиси 13 милиони до 2050 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП