4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСветските брендови имаат нов владeтел

Светските брендови имаат нов владeтел

brendovi

Светот на високата технологија и интернетот го претекна оној на големата потрошувачка. „Apple“ и „Google“ ги зафатија двете први места во рангирањето „Best global Brands“ на „Interbrand“ за најскапите брендови во светот во 2013-та.

Вечниот број еден ( веќе 13 години ) „Coca-Cola“ е едвај на третото место, иако вредноста на производителот на безалкохолни пијалоци се зголеми за 2 проценти. Вредноста на „Apple“ се зголемила за 28 проценти оваа година и се проценува на 98 милијарди долари. Парадокс, бидејќи компанијата со логото со јаболкото, оваа година беше обвинувана од аналитичарите дека продолжува да губи на пазарот на паметните телефони од главниот конкурент „Samsung“. Успехот на „iPhone 5S“ сепак покажа дека компанијата чува уште адути во ракавот и целосно го заслужи статусот на премиум бренд.

Искачувањето на „Google“, кој продолжува да воведува иновации, во рангирањето се одразува на широкиот развој на групата, за што сведочи успехот на „Chrome“. За пребарувачот го предвидуваат највисок раст на вредноста по оној на „Facebook“.

Цената на 100 -те најголеми брендови во светот во 2013-та година е зголемена за 8.4 проценти од ужасната 2009-та година, кога многу брендови покажаа слабост.

Така десетте најскапи брендови во светот се:

1. „Apple“.

Место во минатогодишната оценка: 2.

Вредност: 98.316 милијарди долари.

Раст: +28.

2. „Google“.

Место во минатогодишната оценка: 4.

Вредност: 93.291 милијарди долари.

Раст: +34.

3. „Coca –Cola“.

Место во минатогодишната оценка: 1.

Вредност: 79.213 милијарди долари.

Раст: +2.

4. „IBM“.

Место во минатогодишната оценка: 3.

Вредност : 78.808 милијарди долари.

Раст: +4.

5. „Microsoft“.

Место во минатогодишната оценка: 5.

Вредност: 59.546 милијарди долари.

Раст: +3.

6. „GE“.

Место во минатогодишната оценка: 6.

Вредност: 46.947 милијарди долари.

Раст: +7.

7. „McDonald’s“.

Место во минатогодишната оценка: 7.

Вредност: 41.992 милијарди долари.

Раст: +5.

8. „Samsung“.

Место во минатогодишната оценка: 9.

Вредност: 39.610 милијарди долари.

Раст: +20.

9. „Intel“.

Место во минатогодишната оценка: 8.

Вредност: 37.257 милијарди долари.

Раст: -5.

10. „Toyota“.

Место во минатогодишната оценка: 10.

Вредност: 35.346 милијарди долари.

Раст: +17.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП