27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕгзодус на капиталот на Credit Suisse во првите три месеци

Егзодус на капиталот на Credit Suisse во првите три месеци

61 милијарда швајцарски франци (68 милијарди долари) се повлечени од пропаднатата швајцарска банка Credit Suisse во првите три месеци.

Според она што веројатно ќе биде последниот извештај што банката ќе го објави, бидејќи е договорено преземањето од ривалската банка УБС, најголемиот дел од одливот на капитал се од нејзиниот оддел за управување со богатството, пренесува Ројтерс.

На крајот на март оваа поделба на банката управуваше со 502,5 милијарди франци, додека во истиот период лани управуваше со 707 милијарди франци.

По пропаѓањето на американската банка SVB, клиентите на швајцарската банка, кои веќе страдаа од лоши деловни одлуки и загуби, почнаа масовно да ги повлекуваат своите депозити, така што швајцарската држава и Швајцарската народна банка практично наметнаа преземање на банката од страна на банката УБС за три милијарди франци, притоа ветувајќи дека ќе издвои пет милијарди евра за загубите што произлегуваат од преземањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП