28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„SAP“ очекува нејзиниот годишен профит да ги надмине прогнозите

„SAP“ очекува нејзиниот годишен профит да ги надмине прогнозите

Најголемата европска софтверска компанија „SAP“ прогнозираше годишен оперативен профит кој беше над просечната прогноза на аналитичарите откако објави отпуштања и рече дека планира повеќе да се фокусира на својот брзорастечки бизнис со облачни услуги.

Оперативната добивка се очекува да достигне меѓу 8,6 и 8,9 милијарди евра за годината, соопшти компанијата со седиште во Германија. Тоа е над просечната прогноза на аналитичарите од 8,49 милијарди евра, покажува истражувањето на „Bloomberg“.

Приходите од продажба од облак бизнисот на SAP, неговиот најголем, се зголемија на 3,18 милијарди евра, во споредба со прогнозата на аналитичарите од 3,22 милијарди евра. Извршниот директор Кристијан Клајн ја рефокусираше 50-годишната компанија за софтвер за претпријатија на облак услуги, продавајќи средства и намалувајќи работни места кои не се поврзани со брзорастечкиот бизнис.

„Нашиот развој на облакот продолжува со брзо темпо, придонесувајќи за нашите силни приходи“, објави Клајн.

Во јануари, „SAP“ соопшти дека ќе укине околу 3.000 работни места оваа година и откри дека ќе го продаде својот преостанат удел во „Qualtrics International“. Во тоа време, „SAP“ рече дека реструктуирањето ќе ја чини компанијата помеѓу 250 милиони и 300 милиони евра, со најголем дел во првиот квартал.

„SAP“ денеска соопшти дека нејзиниот удел во „Qualtrics“ ќе биде купен за околу 7,7 милијарди долари.

Група инвеститори, вклучително и „Silver Lake“ и „Canada Pension Plan Investment Board“, минатиот месец објавија дека ќе ја купат „Qualtrics“ во зделка што ќе го вреднува целиот бизнис на 12,5 милијарди долари. Иако продажбата сè уште не е завршена, „SAP“ престана да го вклучува придонесот на бизнисот во своите резултати.

Приходите на европскиот гигант се зголемија на 7,44 милијарди евра во првиот квартал. За споредба, просечната прогноза на аналитичарите анкетирани од „Bloomberg“ беше 7,36 милијарди евра.

Цената на акцијата на „SAP“ падна за 0,4 отсто до затворање на 115,60 долари на тргувањето во Франкфурт во четвртокот. Од почетокот на годинава вредноста на акциите на компанијата е зголемена за 20 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП