2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАкционерите на „Cineworld“ ќе бидат избришани во планот за реструктуирање

Акционерите на „Cineworld“ ќе бидат избришани во планот за реструктуирање

Синџирот кина „Cineworld“ соопшти дека поднел план за реорганизација во судот за стечај во Тексас, кој ефикасно ќе ги избрише постоечките акционери. Оваа вест ја доведе цената на акциите на историски минимум.

Поднесокот го официјализира договорот објавен на 3-ти април, кој вклучува планови за намалување на долгот од околу 4,53 милијарди долари и собирање средства од 2,26 милијарди долари за да и помогне на компанијата да излезе од банкрот. Планот не предвидува поврат на постојните акционери, соопшти групата.

Акциите на вториот по големина синџир на кина во светот паднаа на 1,5 пени во вторникот. Од котација, цената на хартијата падна за 99%.

„Cineworld“, кој во септември го стави најголемиот дел од својот бизнис под заштита од стечај во Поглавјето 11 на САД, минатата недела се откажа од плановите да ги продаде своите бизниси во САД, Велика Британија и Ирска, откако не успеа да најде купувач.

Компаниите на групацијата, заштитени според Поглавјето 11, сакаат да го потврдат планот „на експедитивен начин“, велат од „Cineworld“, додавајќи дека продолжува да работи со својот глобален бизнис и кина како и обично без прекин.

Планот, поднесен во американскиот стечаен суд во Тексас, допрва треба да биде одобрен.

„Cineworld“, кој се очекува да излезе од Поглавјето 11 во првата половина на 2023-та година, додавајќи дека секој договор што произлегува од маркетинг процесот може да го одложи излегувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП