27 јуни, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕБомба за имунитетот: Растение кое ја подобрува состојбата на целиот организам и...

Бомба за имунитетот: Растение кое ја подобрува состојбата на целиот организам и ја запира кашлицата

Свежото овошје и зеленчук, но и билните препарати и чаевите се прва помош во борбата за посилен имунитет. Во текот на преминот на годишните времиња особено е важно да го зачуваме нашето здравје, а експертите тврдат дека имунолошкиот одговор на организмот може дополнително да се зајакне со природни препарати на храна. Ренот има силен вкус и многу интензивен мирис кој практично го „отвара“ респираторниот тракт, па затоа се препорачува во борбата против инфекции.

Ренот содржи сингрин, но и кумарини, феноли, есенцијално масло, аспарагин, пероксидаза, смола, скроб и сахариди. Сè што аптеката може да ви спакува во шарени капсули.

Против замор и тешко дишење – Тешкотиите со дишењето може да се ублажат ако сварите четири лажици рендан рен со шолја јаболков оцет. Кога ќе омекне ренот, треба да се процеди, а на добиената количина да се додаде иста количина мед. Добиената смеса полека варете ја додека не се згусне, а потоа оставете ја кашата да се излади. Земајте наутро и навечер.

На луѓето кои имаат потешкотии со дишењето и кашлање, исто така им се препорачува секое утро на празен стомак да земаат по една лажичка рендан рен помешан со лажичка мед.

Помага и во борбата против заболување на синусите и течење на носот, а целосно делува и на зајакнување на имунитетот. Ренот помага при слабеење, го намалува крвниот притисок, спречува артритис и остеопороза, го подобрува варењето и дишењето и делува како антибактериски агенс. Сепак, треба да се запомни дека ренот содржи натриум, кој не е толку поволен за дијабетичарите и луѓето со проблеми со бубрезите.

Подготвениот рен не треба да се чува долго време, не повеќе од два или три месеци, бидејќи тогаш ја губи пулпата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар