24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБанкротираше „Virgin Orbit“ на Ричард Бренсон

Банкротираше „Virgin Orbit“ на Ричард Бренсон

Вселенската компанија на Ричард Бренсон, „Virgin Orbit“ (VORB.O) поднесе барање за банкрот откако не успеа да обезбеди долгорочно финансирање потребни за нејзина обнова по неуспешното лансирање ракета во јануари.

Компанијата со седиште во Лонг Бич, Калифорнија поднесе барање за стечај во судот во округот Делавер за да ги продаде своите средства. Минатата недела најави отпуштање на околу 85 отсто од своите 750 вработени.

На 15-ти март, извршниот директор на вселенската компанија, Ден Харт, нареди речиси целиот персонал да престане со работа, по што вработените беа ставени на еднонеделен одмор додека ракетната компанија работеше за да обезбеди дополнителни средства.

„Во оваа фаза, веруваме дека поднесувањето барање за стечај е најдобриот начин да се најде и финализира ефективна и максимизирана продажба“, изјави извршниот директор на „Virgin Orbit“, Ден Харт, по објавувањето на веста.

Во поднесувањето, компанијата наведе имот во вредност од околу 243 милиони долари и вкупен долг од 153,5 милиони долари заклучно со 30-ти септември.

„Virgin Orbit“ излезе на берзата во 2021-ва година, собирајќи 255 милиони долари помалку од очекуваното. Одвојувана од фирмата за вселенски туризам на Бренсон, „Virgin Galactic“ во 2017-та година, „Virgin Orbit“ лансира ракети од воздух со помош на модифициран авион „Boeing (BA.N) 747“ за испраќање сателити во орбитата.

Стратегијата на „Virgin Orbit“ е да овозможи лансирање мали ракети од „Boeing 747“ од каде било на Земјата за кратко време. Но, промената на побарувачката за поголеми возила за лансирање и поекономични заеднички патувања во вселената со „Falcon 9“ на „SpaceX“, главниот конкурент на „Virgin Orbit“ и во сопственост на Илон Маск, го зголемија влогот за компанијата на Бренсон во последните две години, велат аналитичарите и експертите од индустријата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП