4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса го следи шпанското трио во Челзи

Барса го следи шпанското трио во Челзи

barsa trojca

Британските медиуми пренесуваат дека актуелниот шампион на Шпанија е сериозно заинтересиран во своите редови да ги доведе Хуан Мата, Фернандо Торес и Цезар Аспиликуета.

Трите шпански фудбалери не се баш во плановите на Жозе Мурињо, а Барселона сака по секоја цена тоа да го искористи.

Имено, „Daily express“ пишува дека Каталонците тргнале во акција за доведување на Мата, Торес и Аспиликуета и тоа веќе во јануари.

Меѓутоа, општо е познато дека Мурињо крие голем анимозитет кон Барса, па прашање е дали ќе се согласи да пушти било кој играч во нејзиниот табор.

Барселона ова лето сакаше да го доведе Давид Луиз, кој исто така е во немилост на Мурињо, но португалскиот тренер неколкупати истакнуваше дека никогаш нема на нив да им го продаде.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП