19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООлстар мечот оваа година го гледале најмалку луѓе во историјата

Олстар мечот оваа година го гледале најмалку луѓе во историјата

НБА Олстар натпреварот, кој се одигра минатиот викенд, заврши со резултат 184:175. Тоа доволно отсликува дека најдобрите играчи во лигата играа премногу ревијално, одбрана не се играше, а си дозволуваа да шутираат и забиваат без да имаат ривал.

Ваквиот пристап на играчите се одрази и на гледаноста. Како што објави „Sports Media Watch“, годинашниот Олстар натпревар во Америка на телевизија привлече само 4,59 милиони гледачи. За споредба, минатата година Олстар мечот го гледале нешто помалку од пет милиони гледачи, а претходната година околу шест милиони.

„Чест е да се биде овде, да се биде дел од одличен викенд, да се водат големи играчи, но ова е најлошиот кошаркарски натпревар некогаш одигран“, рече тренерот на тимот Леброн, Мајк Мелоун, по натпреварот, истакнувајќи дека неколку играчи се обиделе да играат вистинска кошарка, но дека другите не ги следеа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП