24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКардиолог предупредува: Најлошиот прилог што можете да го нарачате во ресторан

Кардиолог предупредува: Најлошиот прилог што можете да го нарачате во ресторан

Иако брзата храна е вкусна, знаеме дека е и нездрава, но еден прилог кој често го консумираме во рестораните може многу негативно да влијае на нашето срце.

„Најлошите прилози се пржени компири, пржено сирење или прстени од кромид. Таквата храна е длабоко пржена и крајно нездрава бидејќи е полна со масти и сол. Тоа дополнително може да ги затне артериите, што може да доведе до срцев и мозочен удар“, предупреди кардиологот др. Нитин Бхатнагар.

Здравјето на срцето е критично за нашето целокупно здравје. Доколку јадете ваква храна од време на време, Батнагар тврди дека тоа не е голем проблем, но сепак го става телото и срцето под стрес.

„Но, честото јадење на таква храна е штетно за здравјето на срцето и артериите и ве става на поголем ризик од срцеви заболувања. Се што е претерано доведува до хемиски дисбаланс во организмот, затоа имајте на ум дека во се треба да бидете умерени“, истакна тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП