Ако сакате да останете фокусирани, будни, во добра ментална и физичка форма, треба да избегнувате некои од овие намирници или барем да ги јадете во мали количини.
Кога станува збор за храната, мораме да имаме на ум дека постојат секакви намирници кои се одлични сојузници во борбата против вишокот килограми или кои ги стимулираат нашите когнитивни функции, но важно е да бидеме свесни дека има и намирници кои имаат спротивен ефект врз нашиот мозок.
Храна богата со индустриски шеќер
Индустрискиот шеќер и производите што го содржат не само што се лоши за вашето тело, туку и за вашиот мозок. Честото консумирање на големи количини шеќер може да создаде голем број невролошки проблеми и да ја ослаби вашата меморија. Затоа, се препорачува намален внес на индустриски шеќер и слатки, а како замена е посочена конзумација на свежо овошје.
Преработени протеини
Протеините ги градат вашите мускули и се неопходни за вашето тело да функционира правилно. Преработените протеини се наоѓаат главно во месните производи како салама и колбаси. За разлика од природните протеини кои му помагаат на телото да го изолира нервниот систем, обработените протеини имаат спротивен ефект врз вашето тело.
Пржена храна
Пржената храна, а особено храната што се пржи во длабок зејтин може да влијае на вашето однесување и когнитивна функција, а тоа се должи на хормонот кој предизвикува хиперактивност кај возрасните, но и кај децата. Пржената и преработената храна полека ги уништува нервните клетки лоцирани во мозокот.
Преработена храна
Исто како и пржената храна, преработената храна и готовата храна влијаат на вашиот нервен систем. Ова се однесува на конзервирана и полуготова храна, кои се сè почести во супермаркетите. Тие го зголемуваат ризикот од развој на дегенеративна болест на мозокот подоцна во животот, како што е Алцхајмерова болест.
Храна која содржи многу сол
Солената храна влијае на крвниот притисок и е штетна за срцето. Храната која содржи големи количини на сол или натриум може да влијае и на вашите когнитивни функции и да ја наруши вашата способност за размислување. Инаку, некои научници тврдат дека солената храна влијае и на развојот на вашата интелигенција.