25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНАПРАВЕТЕ ГО ОВА И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ВИ СЕ ЗАТНАТИ КРВНИТЕ САДОВИ: Едноставен...

НАПРАВЕТЕ ГО ОВА И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ВИ СЕ ЗАТНАТИ КРВНИТЕ САДОВИ: Едноставен тест од неколку секунди ги дава сите одговори

Високиот холестерол е опасност по здравјето. Доколку е над дозволените граници се зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања кои доколку не се лекуваат навреме може да предизвикаат сериозни заболувања со смртен исход.

Кога оваа состојба ќе се „занемари“ и не се лекува навреме, може да доведе до развој на атеросклероза, опасна болест придружена со формирање на наслаги на холестерол во ѕидовите на крвните садови.

Експертите од клиниката Мајо истакнуваат дека оваа состојба предизвикува стеснување на артериите и доведува до слаб проток на крв во телото. Во зависност од тоа кои артерии се зафатени, ќе се појават различни симптоми.

Тест со вода

„Кога атеросклерозата ги стеснува артериите на рацете или нозете, може да дојде до проблеми со циркулацијата во екстремитетите и заболување на периферните артерии“, објаснуваат лекарите. Како резултат на тоа, рацете стануваат помалку чувствителни на топлина или студ, зголемувајќи го ризикот од изгореници и смрзнатини.

Тоа значи и дека кога човек со висок холестерол, на пример, ги мие рацете, постои можност да се изгори со топла вода бидејќи неговото тело не ја открива вистинската температура на која е изложена кожата.

Прилагодете ја температурата на водата за да биде млака, ако чувствувате дека е потопло отколку што всушност е кога ги миете рацете, тоа може да биде првиот показател дека крвните садови се затнати.

Покрај тоа, вкочанетоста на екстремитетите често е симптом.

Иако овој „домашен тест“ може да биде корисен, лекарите нагласуваат дека редовната контрола е најдобрата форма за превенција.

Проблемот со високиот холестерол е што често останува незабележан додека не се појават сериозни последици. Како по правило, луѓето кои работат таканаречени „седентарни“ работи и страдаат од неухранетост се разболуваат од покачени масти.

































ДО

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП