3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗошто калинката е најдобар пријател на здравјето на мажите?

Зошто калинката е најдобар пријател на здравјето на мажите?

Постојат најмалку пет причини што почесто да го консумирате ова овошје…

Една калинка задоволува дури 16 проценти од дневните потреби за витамин Ц. Затоа не е чудно што се препорачува за редовно консумирање со цел зајакнување на имунитетот, а особено во време на сезонските настинки, вирози и грипови.

Го штити срцето

Во калинката се наоѓа и антиоксидантот пуникалагин кој благотворно делува на здравјето на срцето и крвните садови. Редовното консумирање на овој плод го намалува крвниот притисок и ја намалува количината на лошиот холестерол во организот.

Го подобрува расположението

Ако сакате да го промените расположението на подобро, консумирајте калинки. Ова овошје е полно со фитохемикалии кои го поттикнуваат создавањето на серотонин, хормон кој регулира бројни биолошки функции во телото, од телесната температура до апетитот. Кога е во рамнотежа, дава чувство на ментална релаксираност и задоволство.

Ги чува забите и коските

Калинката е богата со калиум, калциум, фосфор и железо, па се смета и за голем чувар на здравјето на забите и е одличен во превенцијата за остеопороза.

Го подобрува квалитетот на спермата, спречува еректилна дисфункција и ја штити простатата

Докажано е дека екстрактот од калинка има и до десет пати посилно дејство од самиот плод. Една чаша сок дневно, на пример, го подобрува квалитетот на спермата, ја намалува можноста од еректила дисфункција и ја штити простатата. Сокот од калинки е одличен сојузник за уништување на бактерии во организмот како ешерихија коли и стафилокока.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП