27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНаместо трансфер од државно во приватен сектор, Македонија прави извоз на квалификуван...

Наместо трансфер од државно во приватен сектор, Македонија прави извоз на квалификуван кадар во странство, а увезува општи работници!

Се погласни се најавите и потребите за увоз на рабоптна сила од странство. Со години наназад стопанствениците алармираат дека ќе дојде време кога навистина ќе нема кој да работи во Македонија. Се поатрактивни се сезонските заминувања на граѓаните од земјава во туристичките дестинации каде заработуваат неколку пати повисоки плати од тие што ги добиваат во угостителскиот сектор во Македонија. А сега дополнително и Германија ги олеснува процедурите за добивање на работна виза за граѓаните од Западен Балкан. Тоа предизвикува паника и кај властите кои веќе најавија увоз на работен кадар од странство. Доколку нешто сериозно не се превземе се предвидуваат лоши сценарија за пазарот на труд во Македонија.

Дел од бизнис заедниците сметаат дека веќе можеби и е задоцненото да се превенира и да се обидува владата да ги задржи младите и квалификувани работници во Македонија. Работодавачите велат дека не ја забораваат помошта која стопанството ја доби за време на пандемијата за своите работници во вид на обезбедување на плати, но велат дека има една друга состојба на пазарот на трудот, како и во образованието, дали е тоа формално или неформално се создава кадар кој потоа многу евтино се нуди на некој друг пазар на труд. Од Бизнис Конфедерацијата на Македонија велат дека Македонија веќе нема работна сила во повеќе сектори, како што се земјоделството, градежништвото, услугите, индустријата и слично.

„Проблемот повеќе не е платата. Иако ние како Бизнис Конфедерација разговараме за минималната плата, од терен глеедаме дека повеќе нема потреба да разговараме на таа тема. Многу мал број на луѓе – работници ја добиваат минималната плата. Станува збор за недостаток на вешт капацитет на продуктивна работна сила во доста сектори, а за брзо таквата состојба ќе биде во сите сектори“, велат од Бизнис Конфедерација на Македонија.

Од Владата пак соопштија дека приватниот сектор го гледаат како свој партнер. Од Инлинденска се на став дека ги следат сите препораки на приватниот сектор се со цел подобрување на бизнис климата.

„Либерализацијата на пазарот на труд е потребна за зголемување на продуктивноста и конкурентноста на економијата. Во следните неколку месеци треба да направиме проценка кои се секторите во кои е потребна дополнителна работна сила и да видиме колку бројка е потребна. Во исто време заедно со приватниот сектор засилено да работиме на реквалификација и доквалификација на домашниот пазар на труд со цел тие да можат да бидат поконкурентни и пазарот да може полесно да ги впие“.

Како едно од решенијата од Стопанската комора го потенцираат дуалното образование. Бизнис-заедницата веќе извесен период бара стручни работници и се жали на недостиг на квалификувана работна сила, иако последниве години расте бројот на ученици кои се вклучени во средните стручни училишта и во дуалните паралелки, а зголемен е и бројот на компаниите приклучени на оваа кампања.

„Изминатите две години се постигнаа значајни резултати во стручното образование, 61 училиште воведе дуален модел на образование, бројот на дуални паралелки порасна на 225 од првичните 11 паралелки, а 500 компании се вклучија во дуалното образование и учењето преку работа со што и бројот на ученици кои одбраа стручно образование достигна 69% од вкупниот број на запишани ученици во средното образование. Овие податоци, уште повеќе го потврдуваат фактот дека кога образованието се креира по мерка на бизнисот и кога работодавачите се вклучуваат во образовните процеси се доаѓа до посакуваната цел за побрз трансфер на ученици од образовна клупа кон работна средина, намалување на стапката на невработеност, зголемување на продуктивноста во самите компании и раст на домашната економија”, велат од Стопанската комора.

Пред неколку години актуелната власт се обиде недостатокот на работен кадар во стопанството да го пополни со вработени во државната администрација, секако самоиницијативно да ги напуштат државните институции и да заминат да работат во некоја од приватните фирми. Такво нешто не се случи, наместо намалување секоја година расте бројот на вработени под државна капа, а се намалува бројот на работници во реалниот сектор. Сега надлежните велат дека регионалниот проект Отворен Балкан дополнително ќе го олесни движењето на граѓаните помеѓу земјите од опкружувањето. Но, според последните најави во Македонија првично ќе се увезуваат работници од Филипини, Бангладеш, Пакистан.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП