18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„SAP“ ќе се раздели од 3.000 вработени

„SAP“ ќе се раздели од 3.000 вработени

Германскиот софтверски гигант „SAP“ ги објави плановите за укинување на 3.000 работни места, или 2,5% од својата глобална работна сила. Исто така, ја истражува можноста за продажба на преостанатиот удел во „Qualtrics“ додека се обидува да ги намали трошоците и да се фокусира на својот облак бизнис, пренесува „Reuters“.

„SAP“ е најновата технолошка компанија која отпушти персонал откако играчи како „Google“, „Microsoft“ и „Amazon“ објавија дека отпуштаат илјадници луѓе за да ги намалат трошоците бидејќи се соочуваат со послаби економски услови.

„Очекуваме само умерен ефект врз заштедите на трошоците за 2023-та година и поизразен во 2024-та година, околу 300 до 350 милиони евра до 2024-та година“, изјави за новинарите главниот финансиски директор Лука Мучиќ.

Во Германија, каде што е седиштето на „SAP“, компанијата ќе укине повеќе од 200 работни места. Намалувањата доаѓаат дури и кога „SAP“ објави 30 отсто зголемување на приходите од својот облак бизнис во четвртиот квартал, поттикнати од силната побарувачка за нејзиниот софтвер.

Дополнително, „SAP“ го започна процесот на продажба на својот удел во „Qualtrics“. Гигантот ја купи компанијата за 8 милијарди долари во 2018-та година и ја направи јавна во 2021-ва година по проценка од речиси 21 милијарда долари.

„Qualtrics“, која продава софтвер за анкети, моментално има пазарна капитализација од 7 милијарди долари, а „SAP“ има околу 71% од акциите во неа.

„Продажбата ќе доведе до значаен еднократен финансиски ефект.Ова значително ќе го зголеми профитот на SAP, но сè уште не се одразува во прогнозата“, истакнува Мучиќ.

„SAP“ предвидува оперативен профит од 8,8-8,9 милијарди евра по постојани курсеви за својата основна дејност оваа година. Исто така, очекува приходите по постојани девизни курсеви за 2023-та година да се зголемат на 15,3-15,7 милијарди евра, од 12,56 милијарди евра минатата година.

Иако аналитичарите изразија загриженост дека профитабилниот облак бизнис на „SAP“ би можел да биде погоден бидејќи голем број компании ги стегаат буџетите поради економската несигурност, „SAP“ не престана да потпишува договори со нови клиенти.

„Најавуваме уникатно стратешко партнерство со „BMW“, користејќи го „SAP“ во сите димензии – еден од најголемите договори досега, кој беше потпишан вчера“, коментира извршниот директор Кристијан Клајн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП