Лукот не е само совршена зачинска билка туку и вистинска ризница за здравјето. Иако содржи само незначителна количина на витамин Ц, неколку милиграми витамин А, малку калиум, железо, цинк, бакар, кобалт… оваа лековита намирнициа е најсилниот природен антибиотик бидејќи во својот состав има и многи важни микроелементи, алицин, алин, алилцистеин и ахоин, кои му даваат исклучителна моќ. Во зависност од тоа дали се консумира во свеж или обработен облик, има различно делување.
Свежиот е поефикасен против бактериите, вирусите, габите и паразитите, додека термички обработениот или зготвениот ја ослободува состојката ахоин, па е делотворен против тромбоза, инфаркт, шлог и тромбоемболија. За заштита на срцето и крвните садови, исто така предност му се дава на зготвениот лук, додека за превентива од карцином се препорачува свежиот.

