29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Samsung“ доби пристап до 5G патентите на „Nokia“

„Samsung“ доби пристап до 5G патентите на „Nokia“

Финскиот технолошки гигант „Nokia“ потпиша нов договор за лиценцирање на своите патенти за 5G на „Samsung“. Станува збор за најмалку 4.500 патенти кои се сметаат за „суштински“ за развој на стандардите на новата генерација, објави АНСА.

Според италијанската агенција, претходниот договор, кој истече во декември, веќе ѝ овозможил на јужнокорејската компанија пристап до некои од технологиите на „Nokia“, интегрирајќи и 5G решенија во производите наменети за пазарот. Според соопштението објавено од „Nokia“, договорот му дава на „Samsung“ пристап до „клучните пронајдоци во 5G и другите технологии“.

„„Samsung“ е лидер во секторот за паметни телефони и ние сме среќни што постигнавме нов договор со нив“, објасни Џени Лукандер, претседателка на „Nokia Technologies“, додавајќи дека овој потег ќе им понуди на двете компании „слобода да иновираат“, нагласувајќи дека „силата на патентите на „Nokia“, резултат на децениското инвестирање во истражување и развој“.

Финската компанија соопшти дека има инвестирано повеќе од 130 милијарди евра во истражување и развој од 2000-та година, што резултира со повеќе од 20.000 категории на патенти, од кои 4.500 се сметаат за „суштински“ за 5G технологијата.

Компаниите можат да ги лиценцираат и користат овие технологии без потреба од сопствени инвестиции, поттикнувајќи иновации и развој на нови производи и услуги за потрошувачите. Иако условите на договорот остануваат доверливи, постои потврда дека „Samsung“ ќе плаќа авторски права на „Nokia“ за повеќегодишен период почнувајќи од 1-ви јануари 2023-та година. Во 2021-ва година, „Nokia“ стана една од првите компании што доби сертификат ISO 9001 за управување со неговото патентно портфолио.

Сертификацијата ги оценува организациите врз основа на нивната способност постојано да даваат квалитетни резултати при дизајнирање, развивање и испорака на производи и услуги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП