29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОдличен е за коските и рбетот, го зајакнува имунитетот! Додадете само прстофат...

Одличен е за коските и рбетот, го зајакнува имунитетот! Додадете само прстофат од овој зачин во млекото!

Во руската алтернативна медицина, овој пијалок се смета за скапоцен. Доколку се сомневате во овој напиток, добро е да ги знаете здравствените придобивки од неговото консумирање.

Златното млеко е особено добро за ‘рбетот, зглобовите и коските, ја подмачкува спиналната течност, зглобовите во телото и ги измива наслагите на сол. Поволно делува на дебелото црево, го подобрува варењето, а добар е и за превенција од рак на дебелото црево. Поволно делува на црниот дроб, ги отстранува токсините од телото. Исто така, докажано е дека помага во зајакнување на имунитетот бидејќи има антиоксидантни својства.

Доколку и вие барате здрав напиток за вашето малечко, знајте дека златното млеко е полно со калциум и помага во правилниот раст и развој на децата.

Подготовката е многу едноставна и првиот чекор во подготовката е правење паста од куркума. За овој напиток ќе ви треба куркума, млеко, бибер и малку масло ако е по ваш вкус, за да ја направите текстурата побогата.

Паста од куркума

Прво, треба да ја подготвите пастата со додавање 40 грама куркума во прав и малку бибер во 100 до 150 мл вода. Биберот се додава бидејќи во комбинација со него се засилува ефектот на куркумата. Ќе промешате и оставете да зоврие, а потоа оставете да се вари околу осум минути додека смесата не се згусне со постојано мешање. Ќе знаете дека е готово кога смесата ќе почне да наликува на јогурт. Ако ви е премногу густа, слободно додадете малку вода.

Пастата можете да ја направите во поголеми количини и да ја оставите во фрижидер бидејќи не ги губи својствата околу 40 дена.

Подготовка на млеко

За овој чекор ви се потребни 250 мл млеко, 40 мл нерафинирано бадемово масло и малку мед (по желба, додаден по вкус). Се вари млекото и се додава бадемово масло. Може да се прескокне и чекорот за масло. Потоа тргнете го од оган и истурете го во чаша. Во неа се додава една лажичка паста од куркума и се засладува со мед по вкус.

Златното млеко се пие на празен стомак, веднаш штом ќе се разбудите, а терапијата се препорачува 40 дена. Постапката се повторува два пати годишно.

Поедноставна варијанта е едноставно да се вари млекото и на крај да се додаде малку куркума и бибер, кој го подобрува ефектот на куркумата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП