29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДомашна витаминска вода

Домашна витаминска вода

Купечката вода со вкус и „ветувачките“ состојќи во неа, која има задача да го одржи вашиот фит изглед е всушност преполна со вештачки засладувачи кои му штетат на организмот.

Доколку сте од оние на кои вкусот на обичната вода не им е омилен, а сакате да уживате во витамински освежувачките пијалоци, ви го нудиме рецептот за домашна вода, на кој посебно ќе му бидат благодарни вашите органи за варење и стомакот.

Состојки:

– 2 литри вода

– 1 лажичка свежо рендан ѓумбир

– 1 краставица со средна големина

– 1 лимон

– 12 листови нане

Подготовка:

Краставицата и лимонот исецкајте ги на парчиња, доколку имате домашни плодови искористете ги заедно со кората. Исецканите парчиња ставете ги во стаклен сад и додадете ги и останатите состојки, па прелијте ги со вода. Смесата ставете ја во фрижидер да стои најмалку 8 часа, со повремено мешање. Состојките во домашната витаминска вода имаат позитивно влијание врз стомакот, затоа што го смируваат варењето на храната и го ослободуваат телото од насобраните токсини.

Лимонот кој изобилува со витаминот Ц ја подобрува работата на црниот дроб, орган кој е одговорен за прочистување на организмот.

Ѓумбирот помага во одржувањето на гликемискиот индекс под контрола, а воедно ги олеснува и грчевите и помага против мачнина.

Нането го стимулира согорувањето на масните наслаги, помага при елиминирањето на токсини од телото, а исто така ги ублажува и болките во стомакот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП