17 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Отворен сум за таа идеја“: Маск откри која компанија би можел да...

„Отворен сум за таа идеја“: Маск откри која компанија би можел да ја преземе следна

Илон Маск сака да го направи Твитер место каде што ќе биде овозможена слободата на говор и каде што нема да има забрана на содржината и блокирање на корисниците за споделување на нивните ставови и размислувања. Секако, мора да има некаква граница во таа комуникација, а каде е таа граница, Маск покажа со контроверзниот рапер Канје Вест, кого прво го врати на Твитер, а потоа повторно го избрка поради твитови во кои поттикнува насилство.

По купувањето на Твитер, кој плати 44 милијарди долари, прашање е, што Маск, како бранител на слободата на говорот на интернет, има намера да прави следно. Сигурно е дека можеме да очекуваме некои промени и на самиот Твитер, но дали Маск размислува и за ново купување и преземање на социјална мрежа или платформа?

Потенцијалниот одговор на тоа прашање го дознавме врз основа на неговиот разговор со корисниците на Твитер. Тој учествуваше во дебатата што ја започна конзервативниот политички коментатор Дејв Рубин, кој напиша дека политичката манипулација на Гугл и Јутјуб е многу полоша од манипулацијата на Твитер, на што Маск одговори со емоџи размислување. Еден корисник се приклучи на дискусијата и му предложи на Маск дека може да ја купи и платформата Substack, која станува сè попопуларна во последните години и ја користат многу познати новинари, аналитичари и експерти во бројни индустрии.

Така, како што напиша корисникот, покрај информативниот слој што го контролира со Твитер, Маск сега би го контролирал и „наративниот слој на интернет“. Илон Маск одговори дека е „отворен за идејата“.

Ова, се разбира, не значи дека утре може да очекуваме преземање на Substack, но познавајќи го Маск, не треба да има сомнеж дека тој барем би можел да размисли за таа идеја и да провери што би можел да добие со евентуално купување на споменатата платформа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП