2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗошто ни болат зглобовите и коските кога се менува времето?

Зошто ни болат зглобовите и коските кога се менува времето?

ТЕМПЕРАТУРИТЕ се повеќе и повеќе опаѓаат, а тоа значи и здравствени проблеми за некои луѓе. Освен што се предизвикувач за настинки, атмосферските промени ја влошуваат болката во зглобовите и коските кај дел од популацијата. На лекарите сè уште не им е сосема јасно зошто се случува ова.

Постои можност температурните промени поврзани со врнежите да генерираат промени во обвивката на сврзното ткиво на латински наречено periosteum.

Според медицинскиот консултант Леан Постон, „кога мускулите и зглобовите се ладат, течноста околу зглобовите и тетивите се згуснува, предизвикувајќи да се чувствуваме вкочанети“. Друга теорија е дека болката е резултат на пад на атмосферскиот притисок што се јавува кога влажноста се зголемува.

Во последниве години, неколку студии укажаа дека факторите на околината влијаат на појавата на болки во зглобовите, но истражувачите од Харвард ја отфрлија таа поврзаност. Сепак, таа останува тема која го буди интересот на научниците до таа мера што постои посебна наука која се занимава со тоа, наречена медицинска биометеорологија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП