2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ920 милиони долари казна за JP Morgan

920 милиони долари казна за JP Morgan

jpmorganchase1

Американскиот банкарски гигант „JP Morgan“ се согласи да им плати 920 милиони долари на британските и американските власти.

Овој банкарски гигант ќе плати казна за усогласување поради аферата позната под називот „Лондонски кит“.

Глобалното усогласување вклучува и признавање од страна на банката дека таа ги прекршила законите на САД, пренесува агенцијата Франс прес.

Банката минатата година загуби 6,2 милијарди долари во трговијата која ја обави нејзиниот службеник Бруно Искил, кој го заработи надимакот „Лондонски кит“, бидејќи неговите трансакции биле толку големи што предизвикале „бранови“ на пазарот.

Скандалот укажа на слаба интернет контрола во банката и лажирање на финансиските резултати.

„JP Morgan“ на британската Управа за контрола и надзот на финансискиот сектор ќе и плати 220 милиони долари, на американската Комисија за хартии од вредност 200 милиони, на американската Управа за федерални резерви 200 милиони и на американската Агенција за валутна контрола 300 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП