19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПрвото чудо во Катар: Саудиска Арабија ја победи Аргентина

Првото чудо во Катар: Саудиска Арабија ја победи Аргентина

Аргентина важи за еден од најголемите фаворити за титулата на СП во Катар, но тоа најверојатно не го признаваат фудбалерите на Саудиска Арабија. Направија вистинско чудо совладувајќи ги Аргентинците на стадионот „Лусаил“ со 1:2 за прво големо чудо на Мундијалот.

Во првиот дел ништо не навестуваше ваков развој на настаните. Лионел Меси од пенал постигна гол во десеттата минута, а до крајот на првото полувреме Аргентинците постигнаа уште три гола, но сите не беа признати поради офсајди. Еднаш Меси и двапати Лаутаро Мартинез погодија, но головите не беа признати.

Чудото се случи на почетокот на второто полувреме. Ал Шехри во 48.минута постигна гол за израмнување, а пет минути подоцна Ал Давсари постигна прекрасен гол за пресврт и 1:2.

Аргентина не успеа да излезе од шокот, се обидуваше да израмни до крајот, но Саудијците фанатично се бранеа и се одбранија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП