7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBlackBerry ќе отпушти 40 % од вработените

BlackBerry ќе отпушти 40 % од вработените

blackberry1

Компанијата „BlackBerry“ се наоѓа во финансиски проблеми кои бараат отпуштање на голем број на вработени. Според планот до крајот на годината ќе бидат отпуштени околу 40 проценти од вработените.

Процесот на отпуштање ќе се изведува во повеќе фази и ќе ги зафати сите оддели во внатрешноста на компанијата.

Во „BlackBerry“ во моментов работат околу 12,700 работници, што е за 4,000 помалку во споредба со периодот пред две години, кога започнаа првите отпуштања.

Освен отпуштањето на работниците, во август беше објавен и планот за можната продажба на компанијата, за која се залагаат одделни членови на надзорниот одбор. Според некои извори продажбата треба да се случи во ноември.

„BlackBerry“ во моментов се наоѓа на четвртото место на листата за најпопуларни мобилни оперативни системи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП