26 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕИсецкајте кромид на четвртинки и додадете му една состојка: За само еден...

Исецкајте кромид на четвртинки и додадете му една состојка: За само еден ден кашлицата исчезнува

Кога кашлицата трае подолго од една недела, секако треба нешто да преземете, а постои народен лек кој е одличен во таквите ситуации.

Кромидот секогаш се препорачува кога имате проблеми со дишните патишта, а тука се вбројуваат и кашлицата и настинката. И не само тоа – одличен е за срцето, холестеролот, дијабетесот и артритисот.

Постојат два народни рецепти за напитоци од кромид со кои се елиминира кашлицата, само за еден ден.

За првиот рецепт потребно е:

– Килограм кромид

– 3 литри вода

Постапка:

Излупете ги главиците кромид и исецкајте ги на четири дела. Ставете ги во тенџере со вода и оставете ги да зовријат. Оставете ги да се варат додека количината на водата да се преполови, па оставете ги да се оладат и процедете. Течноста пијте ја два пати дневно, и тоа по чаша и половина. По желба, можете да додадете и мед или лимон.

135381_luk-jabukaprofimedia0146420659_630x0

За вториот рецепт потребно е:

– 2 јаболки со средна големина

– 2 главици кромид со средна големина

– 14 ореви

Постапка:

Излупете го кромидот и добро измијте го, па исецкајте го на четвртинки. Јаболките без да ги лупите исецкајте ги на четвртинки. Се заедно со оревите ставете во тенџете во кој веќе вријат три литри вода. Варете додека количината на водата да се намали за половина и кога ќе се олади пијте од течноста по една чаша три пати дневно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП