18 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНајдобрите намирници против стрес

Најдобрите намирници против стрес

При рака секогаш треба да имате суво овошје, особено кога е ладно времето, бидејќи ги содржи сите важни материи за организмот, препорачува познатиот виенски експерт, професорот д-р. Хадемар Банкхофер.

– Богато е со магнезиум, минерал кој ги релаксира мускулите, го ублажува стресот и го подобрува сонот, како и витамините од групата Б комплекс кои го зајакнуваат нервниот систем.

– Изобилува со железо, поради што го подобрува имунитетот, крвната слика и виталноста.

– Доколку го консумирате секојдневно, ќе имате подобро варење и циркулација во пределот на главата.

– Сувото овошје е најдобро да го јадете наутро, за појадок, да го исецкате на ситно и да го помешате со јогурт.

Сувите банани и јаболки се поблаготворни од другото овошје бидејќи имаат најмногу магнезиум, железо и витамин Б. Нутриционистите ги препорачуваат наместо слатки, особено за лицата кои се изложени на секојдневен стрес како совршен штит во таквите ситуации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП