19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООптимизам во Мајами – Меси, по светското, ќе потпише за Интер

Оптимизам во Мајами – Меси, по светското, ќе потпише за Интер

Лионел Меси кариерата би можел да ја продолжи во Интер Мајами, тврди „Атлетик“, повикувајќи се на клупски извори.

Иако се шпекулира за негово можно враќање во Барселона, па дури и за останување во Пари Сен Жермен, кој му подготвува богат договор, Лионел Меси моментално е најблиску до заминување во МЛС лигата, односно во Интер Мајами.

Меси, неколку пати кажал дека не би имал ништо против да ја заврши кариерата во САД. „Атлетик“, пишува дека клупските челници (Дејвид Бекам и Хорхе и Хозе Мас), ги започнале прегоорите со претставниците на фудбалерот, тука пред се се мисли на таткото Хорхе Меси.

Договорот на Меси со ПСЖ ќе заврши на крајот од сезоната. Медиумите во Фрација тврдат дека клубот веќе подготвил нова понуда и дека ќе се обиде да го задржи во Париз. Исто така, интерес за Меси покажува и поранешниот клуб Барселона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП