25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВерувале или не, ова е „Hyundai“ (ФОТО)

Верувале или не, ова е „Hyundai“ (ФОТО)

Корејскиот производител најпрво ги изненади љубителите на автомобили со дизајнот на електричниот модел „Ioniq“, а сега го воодушевија светот со новата генерација на моделот „Grandeur“.

Станува збор за голем, луксузен седан првенствено наменет за азискиот пазар, иако многумина би сакале да го видат и во Европа.

Како и со серијата модели „Ioniq“ или миниванот „Staria“, дизајнерите добија одврзани раце. Покрај навидум класичниот облик на лимузина, овде гледаме многу интересни детали. Тука спаѓаат рачките на вратите што се извлекуваат или триаголното стакло зад столбот Ц, што потсетува на првиот „Grandeur“ од 1986-та година.

Внатрешноста изгледа подеднакво интересно – луксузно, но минималистички. Се разбира, дигиталните екрани се неизбежни. Два во „кокпитот“ и еден на централната конзола.

Дизајнот на воланот е и почит на првата генерација на моделот „Grandeur“.

Како и предните седишта, и задните седишта се обложени со еколошки, антибактериски еквивалент на „Nappa“ кожа.

Погонот и техничките податоци засега остануваат тајна. Се шпекулира дека „Grandeur“ ќе ги користи истите погонски единици како и неговата сестра „Kia K8“. Тоа значи дека можеме да очекуваме 1,6-литарски 4-цилиндричен, 2,5-литарски 4-цилиндричен и 3,5-литарски V6.

Вториот треба да произведува 300 ks (221 kW) и да има погон на 4 тркала.

Новиот „Hyundai Grandeur“ ќе пристигне во салоните на почетокот на 2023-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП