26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМанчестер јунајтед ќе го раскине договорот со Роналдо

Манчестер јунајтед ќе го раскине договорот со Роналдо

Скандалот чии главен актер во средата беше Кристијано Роналдо и понатаму е главна тема во англиските спортски медиуми. Португалецот, на натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Тотенхем (2:0), најпрвин одби да влезе во игра, а потоа пред судијата да означи крај на натпреварот замина во соблекувалната.

Тренерот Ерик тен Хаг реши да го суспендира, што значи дека тој нема да патува со тимот во Лондон, на дербито против Челси. Исто така, клубот ќе го казни Роналдо и парично со 1.000.000 евра.

Роналдо се огласи на Инстаграм и се покаја за својот непромислен потег, но тука, барем според медиумите нема да биде крај на драмата.

Како што пишува новинарот Пит Хол од „Скај спорт“, се очекува Манчестер јунајтед и Кристијано Роналдо да седнат на маса и да дојдат до решение бидејќи е јасно дека моменталната ситуација не оди никаде и не е добра за ниту една страна.

„Извори од Манчестер јунајтед наведуваат дека активно крои стратегијата како Кристијано Роналдо безболно да го напушти клубот. Доколку неговиот агент Жорге Мендеш брзо не најде нов клуб за него, тие се подготвени да го раскинат договорот со Португалецот и да го пуштат во јануари да си замине без отштета“, објави новинарот кој внимателно ги следи настаните на „Олд Трафорд“.

Кристијано Роналдо оваа сезона целосно падна во втор план во Манчестер јунајтед, досега одигра само 12 натпревари (најчесто како резерва), на теренот мина 691 минута. Постигна два гола во Лига Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП