3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Lufthansa“ ја удвои својата прогноза за профит во 2022-ра

„Lufthansa“ ја удвои својата прогноза за профит во 2022-ра

Целогодишниот профит на „Lufthansa“ ќе биде двојно поголем од очекуваното, откако повисоките цени на билетите и закрепнувањето на побарувачката го забрзаа закрепнувањето од кризата со коронавирус, соопшти авиокомпанијата.

Германскиот национален авиопревозник очекува прилагодена заработка во 2022-ра година пред камати и даноци од повеќе од 1 милијарда евра, се вели во соопштението на компанијата. Претходните очекувања беа за добивка од над 500 милиони евра.

Цената на акцијата на „Lufthansa“ ја заврши сесијата во Франкфурт со раст од 1,6%, а веднаш по објавувањето порасна за 4,6%.

Во поголемиот дел од шпицот на сезоната, „Lufthansa“ мораше да се бори со прекините во нејзините центри, а откажаните летови поради штрајковите и недостигот на персонал ги зголемија цените на билетите, зголемувајќи ги маржите. Приходите во третиот квартал се удвоија на 10,1 милијарди евра, а прилагодената „EBITDА“ порасна на 1,1 милијарда евра од 251 милион евра една година порано.

Групацијата, која ги вклучува и швајцарските, австриските и белгиските превозници, рече дека очекува силна побарувачка за патувања во наредните месеци, што ќе придонесе за очекуваниот рекорден резултат од одделот за карго.

„Lufthansa“ беше спасена од германската влада за време на пандемијата со Ковид-19, која ги приземји летовите во 2020-та година, но компанијата предвреме ја врати финансиската помош од 9 милијарди евра. Тоа и овозможи на државата да се раздели од својот удел во профитот во минатиот месец.

Во меѓувреме, пилотите на „Eurowings“, дел од „Lufthansa“, започнаа тридневен штрајк поради работното време, што погоди десетици илјади патници на нискобуџетната авиокомпанија во понеделникот, соопшти синдикатот на пилотите.

„Штрајкот започна и засега нема нова понуда“, изјави портпаролот на синдикатот на пилоти „Vereinigung Cockpit“ (VC).

Тие сакаат авиокомпанијата да го намали работното време на пилотите преку мерки како што се зголемени со периоди за одмор, но „Eurowings“ предупреди викендот дека барањата ги ставаат работните места во опасност.

Авиокомпанијата соопшти дека околу 240 од вкупно 488 летови биле откажани на аеродромите во Келн, Хамбург, Берлин и Штутгарт, што влијаело на 25.000 патници на првиот ден од штрајкот.

Пилотите на „Eurowings“ најавија еднодневен штрајк за подобрување на работните услови на почетокот на октомври, при што беа погодени околу 30.000 патници и откажани околу 250 летови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП