29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо се разбуди и донесе триумф за Јунајтед

Роналдо се разбуди и донесе триумф за Јунајтед

Кристијано Роналдо конечно го прекина постот и погоди за триумф на Манчестер Јунајтед во Премиерлигата. „Црвените ѓаволи“ го совладаа Евертон на гости со 1:2, а Португалецот го постигна победничкиот погодок. Тоа беше негов 700. гол во клупската кариера.

Евертон поведе во петтата минута со голот на Алекс Ајвоби, но многу брзо одговори Антони за израмнување, во 15.минута.

Кристијано Роналдо беше на клупата, но доби шанса во 29.минута поради повредата на Марсијал, а пред крајот на првото полувреме успеа да ја затресе мрежата на домаќинот.

Манчестер Јунајтед по овој триумф е петтопласиран, со 15 бода, девет помалку од лидерот Арсенал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП