понеделник, 28 ноември 2022
ПочетнаЗДРАВЈЕЕве како да слaбеете додeка седите

Еве како да слaбеете додeка седите

Најлошото што можете да го направите за вашето тело е да седите во текот на целиот ден и да не правите ништо. Мускулите така согоруваат помалку калории, крвта послабо циркулира во телото, а воедно се зголемува и ризикот од хипертензија, наталожување на лошиот холетерол и салото околу половината.

Доколку сте едни од овие луѓе, чија работа диктира 8-часовно седење во канцеларијата, ве советуваме барем на секој час и од време на време да прошетате по 5 минути. Веруваме дека постојат моменти кога тоа не е возможно, но обидете се да го правите што почесто. Поради тоа ви претставуваме неколку кратки вежби кои можат да направат многу за вашето тело, во овие околности.

Исправете ги нозете да ви бидат паралелни со подот. Стиснете ги мускулите на бутовите и држете ги затегнати неколку секунди. Потоа лесно спуштете ги нозете и вежбата повторете ја неколку пати. Ако сакате поголем напор вежбата изведувајте ја со вкрстени нозе.

Стомачните мускули можете да ги вежбате и додека седите и тоа никој да не забележи. Затегнете го стомакот како да очекувате удар и задржете неколку секунди. Потоа отпуштете го телото, а вежбата повторете ја десетина пати.

Тапкањето со нозете под столот и движењето на столчето согорува и до 100 калории дневно. За намалување на мастите и калориите придонесува и повременото истегнување на рацете и вртењето на главата на двете страни.

Не очекувајте дека само овие вежби ќе ве однесат до целта. Тие се само начин на кој можете да придонесете во слабеењето кога немате услови за тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП