24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУЕФА со идеја финалето на ЛШ да се одржи во САД!

УЕФА со идеја финалето на ЛШ да се одржи во САД!

УЕФА, но и голем број од елитните европски клубови, се отворени за идејата финалето на Лигата на шампионите да се пресели во Соединетите Американски Држави за да се искористи финансискиот потенцијал на Америка и да се популаризира уште повеќе европскиот фудбал, тврди шпанскиот „Ас“.

Американскиот ТВ-пазар е убедливо најбогатиот на светот, така што Европската асоцијација на клубовите (ЕЦА), каде што се собрани најмоќните европски клубови, на состанокот во Истанбул следната недела ќе ја разгледува и опцијата за ширење на пазарот. УЕФА веќе ја почувствува моќта на американските долари кога го објави шестгодишниот договор за ТВ-преноси од Лигата на шампионите во САД со ЦБС, „Вијаком“ и „Парамаунт“ за фантастични 1,5 милијарда долари.

Растот на популарноста на фудбалот (или сокерот) во САД веќе не е ограничен на огромната латинопопулација, како што се гледа со поддршката на 28-те клуба во МЛС-лигата.

Овие идеи доаѓаат откако во Премиер лигата повеќе клубови имаат американски газди (Ливерпул, Манчестер јунајтед, Арсенал, а сега и Челси) и по идејата на првиот човек на Челси, Тод Бели, за користење на популарноста со организирање олстар-натпревар во Премиер лигата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП