29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНекој „поинаков“ Јунајтед, победа над Ливерпул за кревање на моралот

Некој „поинаков“ Јунајтед, победа над Ливерпул за кревање на моралот

Илјадници навивачи на Манчестер јунајтед протестираа пред „Олд Трафорд“ против американските газди, семејството Глејзери, но на стадионот, еден поинаков тим на Ерик Тен Хаг стигна до 2:1 победа над Ливерпул за кревење на моралот, и во исто време кревање од дното на табелата, каде што сега се пред своите лути ривали.

По двата понижувачки порази од Ливерпул минатата сезона, и по двата порази од „просечни“ екипи (Брајтон и Брентфорд), атмосферата не беше славеничка кај навивачите на Јунајтед. Малку помогна презентацијата на Касемиро пред мечот, но зачуди одлуката на Тен Хаг да ги остави на клупата Кристијано Роналдо, капитенот Хери Мегваер и Лук Шо.

Сепак, ова се покажа како вистинска одлука, и по првичниот пресинг, „ѓаволите“ дојдоа во водство во 16. минута, кога Џејдон Санчо со одличен „лажен“ потег успеа да го измами Џејмс Милнер и да постигне убав гол. Тимот на Јирген Клоп, потоа ја презеде контролата во играта со поседот на топка, но најсериозната шанса во првото полувреме ја имаа кога Бруно Фернандеш за малку ќе си постигнеше спектакуларен автогол.

Во второто полувреме, кога се очекуваше пресинг на Ливерпул, Маркус Рашфорд милиметарски успеа да избегне офсајд во 53. минута и да го удвои водството на домаќините. Брзата игра продолжи, и Мохамед Салах ја продолжи „традицијата“ за давање голови на лутиот ривал, кога во 82. минута по обидот на Фирмино и одбраната на Де Хеа се најде на вистинското место за 2:1. Египќанецот со овој гол стана првиот фудбалер на Ливерпул кој во историјата им дал 10 лигашки голови на „ѓаволите“. Сепак, до крајот на мечот, Јунајтед го заддржаа водството за важна победа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП