18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗидан: Никој не вреди 100 милиони евра

Зидан: Никој не вреди 100 милиони евра

zidan_g

Еден од најдобрите играчи на сите времиња, Французинот Зинедин Зидан изјави дека ниту еден фудбалер на светот не вреди 100 милиони евра, колку што Реал плати на Тотенхем за Герет Бејл.

,,Мислам дека ниеден фудбалер не вреди толку. Несватливо е да се плати 100 милиони евра”, рече Зидан кој во моментов е помошник тренер на Карло Анчелоти во ,,Кралскиот клуб”.

Зидан кажа дека и тој не вредел 75 милиони евра, колку што плати Реал за него во 2001 година, кога беше донесен од Јувентус.

,,Тогаш им реков на челниците дека не вредам толку”.

Зидан смета дека Бејл има голем потенцијал, но и дека сеуште може да напредува.

,,Ќе се обидам да му помогнам со повремени совети. Сега е најважно да се заштити од притисокот кој го очекува”, рече Зизу.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП