25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕИмате постојано зуење во ушите, телото ве предупредува - веднаш проверете го...

Имате постојано зуење во ушите, телото ве предупредува – веднаш проверете го вашето здравје

Околу 10 отсто од возрасните имаат проблем со зуење во ушите, покажуваат најновите истражувања. Овој феномен е нешто почест во староста и кај мажите.

Тинитус (зуење во увото) е феномен кога слушате звук без присуство на надворешен звучен стимул.

Причините можат да бидат различни: може да има промени во крвните садови на главата и вратот, грчење на мускулите на средното уво, болести на самото уво, повреди на главата или вратот, мултиплекс склероза, заразни болести, сифилис… Но и употребата на одредени лекови.

Покрај тоа, тинитус се јавува и кај луѓе со висок крвен притисок, како и кај луѓе со слаба циркулација.

Ако зуењето се појави поради слаба циркулација во ушите, таа личност треба да го елиминира кофеинот, цигарите, алкохолот и да го намали внесот на сол.

Понекогаш зуењето во ушите може да биде и резултат на наталожен восок. Кога се акумулира премногу, може да го иритира тапанчето и да предизвика тинитус.

Доколку зуењето е често, ве советуваме да посетите лекар за да го проверите вашето здравје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП