недела, 2 октомври 2022
ПочетнаЗДРАВЈЕЗошто е добро да се јаде сладолед?

Зошто е добро да се јаде сладолед?

Слаткото ледено задоволство може да не освежи, но и поттикнувачки да влијае на нашето здравје.

За многумина сладоледот е омилен десерт, а освен тоа што не разладува во летниот период, тој може многу да придонесе и за нашето добро здравје.

Богат е со калциум

Кај возрасните личности дневно е потребно да се внесат околу 1.000 милиграми калциум, додека бремените жени и децата имаат зголемена потреба за овој минерал. Поради млекото и слатката павлака како основни намирници во процесот на производство на сладоледот, оваа намирница добро ќе послужи како еден од изворите и тоа не само на калциум, туку и на витаминот А и витаминот Б.

5b317fea-effd-11e2-941b-d2a63b7fb48b_icecreaml--646x363

Помага во одржување на телесната тежина

Поради процентот на шеќер и млечни масти во овој десерт, идеално изладен на -6 Целзиусови степени, тој се смета за убиец на добрата линија. Меѓутоа, новите истражувања тврдат дека калциумот ја намалува неговата калориска вредност, која најчесто изнесува помеѓу 125 и 300 калории на 100 грама производ.

Богат е со витамини и антиоксиданси

Овошниот сладолед кој се подготвува од смрзнато или свежо овошје содржи доста витамини, додека оној со вкус на кафе или чоколадо, ако навистина се подготвува од вистински зрна кафе или какао, ви обезбедува одлична доза од антиоксидансот полифенол, кој го штити срцето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП