26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈончевски е новиот селектор на кошаркарската репрезентација

Јончевски е новиот селектор на кошаркарската репрезентација

Александар Јончевски е новиот селектор на сениорската репрезентација на Македонија, одлучи раководството на Македонската кошаркарска федерација (МКФ).

Јончевски (41) е тренер што долги години е дел од стручниот штаб на репрезентацијата, на функцијата, доаѓа како асистент-тренер во стручниот штаб во кој во изминатиот период беше Драган Бајиќ.

Тој првпат беше асистент во националниот тим на Марјан Лазовски во квалификациите за Олимписките игри што се одржаа во Венецуела, а потоа му помагаше и на Марјан Србиноски на Евробаскетот во 2015 во Хрватска. Претходно беше и во тимот на соработници на селекторот Јорданчо Давитков.

Првиот предизвик новиот селектор и неговите соработници ќе го имаат веќе кон крајот на август, на стартот на вториот круг од претквалификациите за Евробаскетот во 2025 година.

Македонија ќе гостува во Данска на 25.август, три дена подоцна ќе ја пречека Словачка во Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП