11 декември, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСите сакаме леб, но овие 4 причини покажуваат зошто не треба да...

Сите сакаме леб, но овие 4 причини покажуваат зошто не треба да го консумираме

Ако сте типично лице од Балканот, сигурно јадете леб со секој оброк, а не би требало воопшто. Особено не бел леб. Еве зошто…

Без оглед дали се работи за сендвичи, пецива, или кришки бел леб, заедно со грав, сарма или печење, се повеќе докази покажуваат дека лебот е штетен за нашиот организам.

Воопшто нема здрави состојки

За разлика од другите намирници, белиот леб воопшто нема нутриенти. Не содржи влакна, бидејќи не е од цело зрно,а сите калории доаѓаат од простите јаглехидрати, со кои телото нема што друго да прави, освен да ги претвори во масти.

Содржи премногу сол

Повеќето видови на леб од бело брашо, особено оние кои ги купувате во големите продавници, содржат големи количини сол. Зголемените количини на овој минерал се лоши за целиот организам, а особено придонесуваат за зголемување на крвниот притисок.

Многу дебелее

Ако јадете многу леб, поради големата количина на прости јаглехидрати, рафинираниот шеќер и конзервансите, килограмите ќе почнат да се таложат на вас. Умереноста е многу важна при консумирањето на леб, а најдобро е комплетно да го избегнувате или да изберете само квалитетен леб од цели зрна.

Не претставува избалансиран оброк

На лебот му недостасуваат минерали и витамини, а во себе содржи многу калории со кои нема да ве засити, а тоа значи дека со него мора да јадете уште нешто, односно дека не претставува избалансиран оброк. Зошто тогаш воопшто да го консумирате?

Ако сакате здрав леб, изберете го оној со цели зрна житарки и од квалитетно брашно, но не од бело брашно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП