24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕРен, ѓумбир и уште нешто: Отстранете го салото од стомакот за три...

Рен, ѓумбир и уште нешто: Отстранете го салото од стомакот за три недели

Волшебно стапче за ослободување од вишокот на килограми за жал не постои. Но, со доволно физичка активност, повеќе движење и здрава исхрана навистина можете брзо да ја регулирате својата тежина.

Она што ќе ви помогне да го забрзате слабеењето е овој сируп кој што може и самите да го направите од природни состојки кои можеби и веќе ги имате во вашата кујна.

Ќе ви бидат потребни следните состојки:

  • 130гр свеж рен
  • 3 лимони (по можност органски)
  • 4 лажици мед
  • 2 лажици цимет
  • 2см свеж корен од ѓумбир

Ренот и ѓумбирот најпрво исчистете ги и излупете ги, изрендајте ги или испасирајте во процесор за храна или блендер. Додадете го лимонот, но ако не користите органски тогаш исцедете го само сокот. Потоа додадете го циметот и медот. Сето ова добро промешајте го и сипете ја смесата во чиста тегла, затворете ја и оставете ја да отстои во фрижидер.

Земајте по една лажица наутро на празен желудник и навечер пред спиење во текот на три недели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП