24 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако тиквичките му помагаат на нашето здравје

Како тиквичките му помагаат на нашето здравје

Како и другите овошја и зеленчуци, така и тиквичките се идеални бидејќи не се калорични, а богати се со витамини и останати хранливи материи како што се влакната.

Тие заедно со дињата и краставиците му припаѓаат на семејството „Cucurbitacea“. Иако има повеќе видови на тиквици, ние сме навикнати на овие малите, долгнавести и со зелена боја.

Така, тие се одличен извор на витамин А, К, Б и Ц, манган и калиум, магнезиум, фосфор, бакар, фолат и рибофлавин, како и цинк, железо и калциум.

Досега многу истражувања потврдија дека тиквиците се важни за здравјето на организмот, а бидејќи можете да ги припремите на безброј начини, штета би било да не ги искористите додека им е сезоната.

Докажано е дека тие се добри во превенција на рак на цревата, го контролираат шеќерот во крвта и го намалуваат апетитот, а соединенијата во нив го чуваат здрав васкуларниот систем и го намалуваат холестеролот. Исто така, поволно делуваат и на варењето. Ако не можете да ги конзумирате одделно или свежи, помешајте ги со сезонскиот зеленчук како што е краставицата и нема да забележите голема разлика во вкусот.

Благодарение на антиоксидансите, делуваат и против воспаленија, па се одлични и за сувата кожа. Дури можете и да ги исечете на кругчиња и да ги ставите на кожата да делуваат некое време. Поради високото присуство на манганот, тиквиците поволно делуваат на сите функции на организмот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП