29 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДве нови хит- серии од продукцијата на Телеком Србија од четврток на...

Две нови хит- серии од продукцијата на Телеком Србија од четврток на Суперстар каналот

Две нови серии кои што го носат потписот на продукцијата на Телеком Србија од четврток, 19 мај, стартуваат со прикажување на каналот Суперстар, кој што е дел од понудата на сателитската телевизија на Мтел. Фановите на популарната хумористичка серија „Авионџии“ ќе бидат израдувани со нови 48 епизоди, додека низ епизодите од новиот ситком „Зборница“ гледачите добиваат уникатна можност да се вратат во својата младост и да се потсетат на сите згоди и незгоди од деновите минати во училишните клупи.

Секој работен ден, од 20 часот, најпознатиот авионски екипаж во регионот, помогнат од нови ликови, ќе минуваа повторно низ интересни авантури кои во вас ќе ја разбудат желбата за патување токму со оваа „летачка“ екипа.

Во новата сезона на „Авионџии“ ќе дознаеме и како изгледа кога жена пилот управува со авион, што се случува кога маж не може да преболи разделба, како стјуардот се обидува да заработи нешто „на страна“, што се случува кога во компанијата ќе се вработи, на прв поглед, неспособната ќерка на директорот и како главната стјуардеса излегува на крај со сите нив.

Продукциската куќа Телеком Србија и Hype production, кои ги предводи авторот Саша ал Хамед, режисерката Сузана Пурковиќ и сценаристите Татјана Илиќ, Милена Деполо, Филип Вујошевиќ и Милица Јевтиќ, на извонреден начин ги претставуваат многуте ситуации во кои што доаѓа до судир на различни светови и карактери во воздух, на висина од неколку илјадници метри.

Веднаш по епизодите од „Авионџии“, вниманието на гледачите на Суперстар ќе ги окупира серијата „Зборница“. Во работните денови од 21 часот, ќе го дознаеме она што отсекогаш сме се прашувале – што се случува зад затворените врати со написот „службени простории“ во училиштата.

Покрај училишните сплетки и ситуации, новата серија ги прикажува и децата кои пораснале, но кои, во длабочината на душата, останале деца. Наставниците какви што ги познаваме во реалниот живот, обично сериозни, строги, понекогаш и духовити луѓе, слободни и лишени од грижите за тоа што децата мислат за нив. Низ 50 епизоди, „Зборница“ ќе ни прикаже какви се тие суштински, а ги има различни – од обични, загрижени, сомничави, амбициозни до смешни, исплашени, весели, но пред се’ сите тие се – драги луѓе.

Актерската екипа која ја сочинуваат Горица Поповиќ, Катарина Жутиќ, Дејан Лутковиќ, Зоран Цвијановиќ, Милош Самолов, Анка Гачеша, Ѓуро Брстина, Јована Балашевиќ, Небојша Илиќ, Паулина Манов и Марко Никитовиќ, на духовит начин ги претставуваат наставниците кои секогаш се подготвени за кавга и помирување, лудории, смеа, но и грижи. Делото во кое наставниците многу наликуваат на децата, и во кое секој гледач ќе пронајде сличен на себе, другарот од одделение или наставникот од младите денови, го потпишуваат Телеком Србија и Атос филм, додека режијата е доверена на Џорџ Станимировиќ.

Нема сомнеж дека низ овие нови и постоечките серии и филмови гледачите и во следниот период ќе уживаат во разновидна и квалитетна содржина на Суперстар каналот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП