11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГранит прокнижи добивка од над 2 милиони евра за првиот квартал

Гранит прокнижи добивка од над 2 милиони евра за првиот квартал

Остварените единечни вкупни приходи во периодот Јануари – Март 2022 година изнесуваат 778,849 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2021 година бележат зголемување за 15%.

Приходите од продажба за периодот Јануари – Март 2022 година изнесуваат 727,489 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2021 година бележат зголемување за 12%.

Финансиските приходи за периодот Јануари – Март 2022 година изнесуваат 1,497 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2021 година бележат намaлување за 39%.

Вкупни расходи

Остварените единечни  вкупни расходи во периодот Јануари – Март 2022 година се во износ од  772,932 илјади денари,  споредено  со истиот период 2021 година бележат  зголемување за 15% . 

Во рамките на оперативните расходи, трошоците за материјали и суровини бележат зголемување за 32% во однос на минатата година, пред се како резултат на зголемување на пазарните цени на одредени клучни материјали за изградба како и недостигот и доцнењата во нивна испорака.

Трошоците за вработени се на исто ниво како и минатата година, додека останатите трошоци од работењето се намалени за 34%.

Трошоците за услуги се зголемени во однос на претходната година за 23% како резултат на зголемениот износ на трошоци за подизведувачи кои директно зависи од обемот на извршени работи, но и поради зголемените цени.

Во периодот Јануари – Март 2022 година, Друштвото оствари позитивен резултат (добивка) во износ од 5,918 илјади денари, додека вкупната сеопфатна добивка изнесува 125,303 илјади денари, и е поголема од добивката пред се поради останатата сеопфатна добивка во износ од 119,385 илјади денари која произлегува како резултат на евидентирана нереализирана добивка од зголемување на пазарната вредност на портфолиото акции кои ги поседува Друштвото во 1 квартал на 2022 година.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП