18 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЛоворовиот лист ги чисти белите дробови

Ловоровиот лист ги чисти белите дробови

Доколку сте настинати или ве фатил вирус, па имате упорна и силна кашлица, а не ви помагаат сирупите, обидете се проблемот да го решите со овој природен напиток.

Чајот од ловоров лист, советуваат експертите, е мелем за овој проблем. Потребни ви се три до четири сушени листови од оваа медитеранска билка (можете да ја купите во било која продавница).

Земете 3-4 листови ловор, добро иситнете го, ставете го во два децилитри вода, загрејте ја водата до вриење, па кога ќе зоврие, намалете ја температурата и оставете на тивко да се вари уште десетина минути.

Тргнете го чајот од оган и оставете го да отстои уште половина час па потоа процедете го. Можете да додадете мед или лимон за попријатен вкус. Чајот пијте го полека, три пати на ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП