Најголемата светска компанија за управување со средства се покажа отпорна на падот на берзата и на забрзувањето на инфлацијата, бидејќи инвеститорите продолжуваат да инвестираат во долгорочните фондови на компанијата.
Во првиот квартал, нето-приливите во овие производи изнесуваат 114 милијарди долари, се вели во соопштението на њујоршкиот „BlackRock“.
Довербата на инвеститорите опадна од почетокот на годината, кога Федералните резерви на САД почнаа да ги зголемуваат каматните стапки за да се бори против инфлацијата, која го достигнува својот врв веќе четири години. Руската инвазија на Украина и зголемените цени на нафтата предизвикаа постојана нестабилност. „S&P 500“ го заврши кварталот со пад од 5%, а „Nasdaq Composite“ падна за 9,1%.
„Додека светот продолжува да се соочува со геополитичка и економска несигурност, нашата долгогодишна инвестиција во изградбата на платформата „BlackRock“ за сите услови не позиционираше добро да ги советуваме и да им помогнеме на нашите клиенти да ги остварат своите долгорочни финансиски цели“, рече извршниот директор Лери Финк во изјавата цитирана од „Bloomberg“.
Вкупната вредност на управуваните средства на „BlackRock“ падна на 9,57 трилиони долари на крајот на март, откако компанијата ја мина границата од 10 трилиони долари на крајот на минатата година.
Најголемиот светски менаџер на средства го зголеми профитот за речиси 22% во првиот квартал поради големиот прилив на средства во своите фондови. Прилагодената заработка се зголеми на 1,46 милијарди долари во периодот јануари-март од 1,2 милијарди долари пред една година. Прилагодената заработка по акција изнесуваше 9,52 долари, што ја надминува просечната проценка од 8,79 долари за аналитичарите анкетирани од „Bloomberg“.
Компанијата објави приход од околу 4,7 милијарди долари за трите месеци до крајот на март, што е малку под проценките на аналитичарите од околу 4,8 милијарди долари за периодот.
Компанијата прифаќа средства од инвеститорите преку различни производи, вклучувајќи акции, инструменти со фиксен приход и алтернативни инвестиции. 27 милијарди долари протекоа од производите за управување со готовина во кварталот. Средствата со кои се тргува на берзата собраа околу 56,2 милијарди долари, што е помалку од 68,5 милијарди долари во претходниот период.
Акциите на менаџерите на средства и големите банки беа погодени во оваа година, како и глобалните пазари. Акциите на „Blackrock“ паднаа за 22% оваа година во споредба со падот од 7,7% на „S&P 500“.