26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнчелоти ќе го предводи Реал против Челси

Анчелоти ќе го предводи Реал против Челси

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, вечерва ќе го предводи својот тим против Челси, во првиот четврт-финален натпревар во Лигата на шампионите.

Клубот потврди дека искусниот тренер повеќе не е заразен со коронавирусот.

Анчелоти ќе му се приклучи на тимот, бидејќи поради коронавирусот вчера не отпатува во Лондон.

Карло Анчелоти, две години од својата богата кариера мина на „Стенфорд Бриџ“, Тој го предводеше Челси од 2013 до 2015 година.

Анчелоти и неговите играчи, вечерба ќе играат против Челси и традицијата. Реал на последните пет гостувања во Англија нема победа, клубот забележал три порази.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП