2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗагубата на Горење изнесува 7.8 милиони евра

Загубата на Горење изнесува 7.8 милиони евра

gorenjee

Групацијата Горење во првата половина од 2013-та година има загуба од 7.8 милиони евра што е во согласност со годишниот бизнис план.

Полугодишните приходи на групацијата изнесуваат околу 590 милиони евра што е за 2.7 проценти помалку отколку во истиот период во 2012-та година.

За ваквиот резултат во работењето на групацијата влијание имаше падот на продажбата на апаратите за домаќинство на европскиот пазар од 1.2 проценти, падот на некои национални валути во однос со еврото, а пред се српскиот динар, руската рублја, шведската круна и австралискиот долар, како и преселбата на производството на други пазари.

Горење од продажбата на апарати за домаќинството оствари околу 85 проценти од сите приходи. Растот во продажбата на овие производи беше 1.4 проценти за што највеќе допринесе растот во извозот во Русија, Украина и Хрватска, но и во Германија, која покрај Русија за оваа словенечка групација е еден од најважните пазари.

Продажбата во источна Европа се зголеми за 7.6 проценти, но поради негативните курсни разлики порастот на приходите изнесуваше 7.1 проценти. Со зголемувањето на продажбата Горење ја зајакна својата положба во источна Европа и пазарното учество се зголеми од 0.29 на 3.56 проценти.

Во извештајот за работењето е наведено дека Горење парите од продажбата на неколку недвижности во Словенија, Франција и Чешка ги искористиле за раздолжување.

Најавено е дека Горење во наредните неколку дена во фабриката во Велење ќе започне да произведува машини за садови, кои досега се правеа во фабриката на словенечката група во Шведска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП