Богати со антиоксиданси, брусниците се докажани сoјузници во борбата против стареењето, како и во превенцијата на ревматските и кардиоваскуларните заболувања.
Освен тоа, научните истражувања покажуваат дека кондензираниот танин од ова овошје спречува влез на бактериите во уринарниот тракт, мочниот меур и бубрезите. А доколку веќе допреле до организмот, сокот од брусница го спречува нивното лепење на ѕидовите од уринарниот тракт, па така полесно се исфрлуваат преку урината. Малите црвени бобинки се посебно успешни во борбата против ешерихија коли, една од најчестите и најнезгодни бактерии.

